www.utrinski.com.mk
28 април 2017 08:15
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
16.02.2017, 17:51

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ под хипотека

Партијата неколку дена пред изборите зела кредит од три милиони евра од Комерцијална банка, ставајќи го под хипотека новото партиско седиште во центарот на Скопје

ВМРО-ДПМНЕ неколку дена пред изборите зела кредит од три милиони евра од Комерцијална банка, ставајќи го под хипотека новото партиско седиште во центарот на Скопје. Партијата зела рамковен риволвинг-кредит, а освен својот дел од објектот, во банката заложила и подвижен имот и опрема. Средствата биле земени за покривање тековни трошоци пред изборите на 11 декември минатата година. Одлуката е објавена во Службен весник неколку дена подоцна на 15 декември, во делот на нотарските договори.

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, потврдува дека партијата зела кредит за „покривање на тековните трошоци“ од Комерцијална банка, но не изнесува повеќе детали.

Инаку, средствата коишто партијата ги зела како кредит може да се користат еднократно или повеќекратно, за повеќе намени. Одобрените пари од кредитот можат да се подигнат во период до пет години.

Според критериумите на Банката, средствата од одобрениот рамковен револвинг кредит-лимит може да се користат со цел купување, изградба, доградба или реконструкција на недвижен имот, или пак за купување моторни возила обезбедени со хипотека на недвижен имот. Но, и за одобрување кредитни лимити што ќе се користат преку кредитни картички, за издавање гаранции, обезбедување на претходно одобрени кредити, кредитни лимити на картички и друго.

Новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, палатата „Христо Татарчев“ се наоѓа во центарот на Скопје, на улицата „Македонија“. Станува збор за објект на шест ката, кој по неколку години изградба, токму на изборниот ден и официјално беше пуштен во употреба.

Нема потврда дали средствата ќе бидат искористени и за ангажман на нови кадри во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата деновиве објави оглас со кој се бараат аналитичари (политички, социолошки и економски аналитичари), како и графички дизајнери. Котевски вели дека не е прецизирана бројката на лицата кои ќе бидат работно ангажирани, и дека се ќе зависи од кандидатите кои ќе се пријават на огласот. Во него се потенцира дека се бараат кадри посветени на работата, амбициозни, упорни и темелни, личности со висок личен интегритет. Кандидатите кои ќе пројават интерес, пожелно е да се членови на ВМРО- ДПМНЕ или да се поддржувачи на партиските политики и стратешки определби, се наведува во огласот.

Во 2011 година, СДСМ зеде, исто така, рамковен кредит од Комерцијална банка во висина од 1,6 милиони евра и под залог го стави седиштето на партијата. Опозициската партија тогаш се изјасни дека дел од парите ги користела за изборите, но реагираше Комисијата за спречување корупција, која тврдеше дека Изборниот законик не предвидува финансирање на кампања со кредит. „Во Изборниот законик јасно е посочено дека извори можат да бидат само: членарина и донации од правни и физички лица. Значи, кредит не може да биде извор. СДСМ греши кога смета дека кредит кој се зема за редовно финансирање на некоја партија може да се користи и за финансирање на изборната кампања. Тука постои проблем“, беше тогашниот став на антикорупционерите.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, запрашан на вчерашната прес-конференција, дали очекува реакции од Антикорупциската комисија и за хипотеката на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, одговори: „За жал, регулаторните тела се целосно партиски поклопени, така што не очекуваме дека Антикорупциска ќе преземе што било“.

„На сите овие скандали што се јавија за носителите на високи државни функции во изминатиов период Антикорупциската комисија остана нема, дури вие новинарите не смеевте да поставите прашања за Никола Груевски, така што и небитно е на крајот на денот дали комисијата ќе поведе постапка. ВМРО-ДПМНЕ се покажа и се докажа дека е доволно богата партија, така што имотот што ќе биде предмет на заплена по промена на власта за да не може хипотеката да ја спаси зградата“, вели Шилегов. (Д.Т.)

Статијата е прочитана 1112 пати.


Испрати коментар
Затаи македонската дипломатија во ЕП
Ахмети и Села подготвуваат закон за албанскиот јазик
Милошоски
Актерот Јовановски ги избриша пораките со воинствена реторика, но ги разгоре полемиките
Жбогар - Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада
коле пушкаш, 17.02.2017 00:48:18
то државата ни ја дадоја под хипотека па ова ситница
   26 |   22
Ајван Доктор®, 17.02.2017 08:41:24
Како тргнале,не е чудо да дознаеме некој ден дека и државата ни ја дале под хипотека!
   26 |   23

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пет28
Саб22
Нед16
Пон21
Вто23
Сре23
Чет24
Пет22
Саб23
Нед23
НајчитаниНајкоментирани

Насилството запре, демонстранти ќе спијат пред Собрание
Тешка владина криза во Хрватска
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ