www.utrinski.com.mk
23 јуни 2017 08:45
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 18:11

„Весела е година, голем клас на нива“

Во Музејот на Македонија денеска ќе бидат прикажани три етнолошки документарни филмови поврзани со обредите со маски од домашна и странска продукција

Катерина Богоева

Во пресрет на празникот Василица во Музејот на Македонија денеска во 11 часот ќе биде одржана проекција на три етнолошки документарни филмови под наслов „Весела е година, голем клас на нива“.Станува збор за филмови поврзани со обредите со маски од домашна и странска продукција: „Си било еднаш во долината Фиеме“, (20 мин., Италија, 2009 година) и „Еден ден во Агнита“, (10 мин., Романија, 2010 година) во режија Микеле Трентини и „Возот за Мартолци“ (15 мин. Македонија, 2003 година) режија Владимир Боцев. Проекцијата ќе биде проследена со дискусија за филмовите и обичаите на кои тие се однесуваат.

Ораганизатор е Владимир Боцев, кустос советник во Етнолошкиот оддел при Музејот на Македонија.

Боцев потсетува дека Нова година, Василица е време на обреди со маски.

„Време кога се уриваат воспоставените норми на секојдневното живеење. Време кога она за кое што знаеме дека е на врвот на општеството е на самото дно, а она за коешто сите сме убедени дека е долу, е горе. Период во кој престануваат да важат. општо прифатените правила за „добро“ однесување, забраните, табуата. Во периодот на Василица се ослободува сета позитивна и негативна енергија акумулирана низ изминатата година и секој може да каже и покаже се' што сака. Иако обредите во овој период содржат пракси на маскирање, однесување и преоблекување, кои секоја година се повторуваат, односно, поврзани се со нивното традиционално изведување, тие содржат и маса на импровизации кои зависат од креативноста и умешноста на учесниците, а кои им даваат свежина и ги прават постојано интересни и забавни за заедницата во којашто се практикуваат.

Денес обредите се повеќе претставуваат маркери на идентитетот на определена група, додека пак желбата да се постигне плодност, здравје и благосостојба се' повеќе се турка во втор план. Со други зборови се' повеќе се истакнува нивното општествено значење на сметка на религиозното“.

Микеле Трентини е роден во Роверето, Италија, во 1974 година. Дипломирал социологија на Универзитетот во Дрезден. Тој спроведува истражувања во областа на визуелната антропологија и е автор на неколку наградувани документарни филмови: „Фуриадрожус", „Мала земја", „Карневалот цар на Европа“ и др.

„Си било еднаш во долината Фиеме“ е филм во којшто е покажан карневалот Бандерал, што практично е негово средновековно име. Тој се одржува на секои 4 години во селото Карано во долината Фиеме, во Италија, со цел да се обезбеди можност за младите да бидат воведени во животот на возрасните. Се пие алкохол, се пеат песни се прават шеги. На крајот група од маскирани луѓе се задржува во центарот на селото каде што се поставува нивното знаме, а селаните се канат на бал.

„Еден ден во Агнита“, е документарен филм којшто говори за маскираните ликови во карневалот кои се нарекуваат Лоле. Обредот се практикува уште од 14 век од страна на саксонските мигранти во Трансилванија, Романија. Во 1989 година тие се вратиле во Германија, но постојано се враќаат да го одржат обредот заедно со Романците.

„Возот за Мартолци“ пак е документарен филм којшто го прикажува василичарскиот обред во селото Мартолци, Велешко. Обредот се одржува ноќта помеѓу 13 и 14 јануари, односно Нова година според јулијанскиот календар или Василица. Во него учествуваат само маскирани мажи од селото. Тие ги посетуваат селските домови и водат шеговит дијалог со домаќините. На крај се' се завршува со општа веселба, попладнето на 14 јануари.

Статијата е прочитана 471 пати.


Испрати коментар
„Семејство без сопирачки“ од денес во „Синеплекс“
Едукативно катче за деца во Археолошкиот музеј на Македонија
Промоција на романот „Пред шарени врати“ од Косте Шутиноски
Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Сончево
Пет33
Саб32
Нед33
Пон32
Вто31
Сре33
Чет33
Пет32
Саб32
Нед29
НајчитаниНајкоментирани
 
250 години од раѓањето на таткото на модерниот универзитет
Сугарески ги потврди грешките на автопатите, ЛП бара остри казни
Самит: ЕУ излегува од критичната состојба
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ