www.utrinski.com.mk
28 април 2017 08:19
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
01.11.2016, 17:49

Едиторијал

Политичка агонија

Татјана Поповска

Политичките местенки, подмолните обвинувања и итроштини што ги видовме изминатиов период ја најавија најголемата политичка агонија што не' очекува во периодот до изборите

Континуираната политичка криза во која државата живее веќе подолго време ги извади на површина алчноста, нечовечноста и дрскоста на одредени политичари. Политичките местенки, подмолните обвинувања и итроштини што ги видовме изминатиов период ја најавија можеби најголемата политичка агонија што не' очекува во периодот до изборите, а веројатно и потоа. На македонската политичка сцена веќе не се знае кој за што се залага, кој против кого влегува во изборна трка и кој за кого работи.

Онака како што тргнале работите, во моментов најчиста е позицијата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Едната партија се труди да ја зачува власта, додека другата влегува во клучна политичка битка за освојување на власта.

Сите останати, очигледно, се придружни сателити кои по потреба гравитираат околу нив. До душа, повеќето се вртат околу ВМРО-ДПМНЕ, веројатно поради тоа што не можат да одолеат на моќта и влијанието што за овие десет години власт ги стекна оваа партија, но и безрезервно ги нуди кога се во прашање политичките калкулации.

Иако не откриваме мокра вода, што би рекол во последното интервју претседателот на ВМРО-НП Љупчо Георгиевски, изминативе десет дена тој и неговите сопартијаци пластично ни потврдија дека во политиката нема идеологија, нема цел, нема програма, нема принципи... Има само насушна потреба за моќ, позиции во државните структури и пари. Токму овие елементи, за кои тој јавно призна, беа доволни за него да го разбие третиот блок и со тоа да ја насочи водата кон воденицата на ВМРО-ДПМНЕ. Се' друго што слушнавме од Георгиевски, беа само голи фрази во обид да се оправда пред јавноста, а веројатно и пред себеси што стана продолжена рака на неговиот наследник во ВМРО-ДПМНЕ. Дури почна да ја употребува и неговата реторика „сдсмсовски и соросоидни портали и медиуми“, а до вчера се жалеше дека него го нема во македонскиот медиумски простор.

Но, првата награда за политичко лудило за изминативе денови му припадна на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Ја врати националистичката реторика, ја „воскресна“ Илирида и по којзнае кој пат вети дека ќе го направи албанскиот јазик официјален, а Македонија ќе ја внесе во ЕУ и НАТО. „Врв“ во неговите изјави е дефинирањето на СДСМ како клучен политички непријател, само затоа што оваа партија се определила за граѓански, а не за етнички концепт. Не му е проблем ВМРО-ДПМНЕ која се покажа како тврд орев за барањата на Ахмети и јавно се противи на двојазичноста, не му се проблем останатите опозициски партии на Албанците кои му дишат во врат, туку проблем му е лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој се залага за поголема интеграција. Од авион се гледа дека на Ахмети не му е виновен концептот на СДСМ, туку тоа што оваа партија со објавувањето на снимените материјали ја раскринка неговата позиција, ја направи ДУИ екстремно ранлива и целосно дезориентирана.

 

 

НАПОМЕНА: Преземањето на текстот или делови од него, како и преземање на фотографија е дозволено само со одобрение од "Утрински весник" или според правилата на МПМ. За правилата на МПМ за преземање авторска содржина кликнете тука

Статијата е прочитана 2105 пати.


Испрати коментар
Груевски не избега од судот
Ниту штедењето не е како што беше
Што е со податоците за невработеноста и сиромаштијата?
За науката и научните работници кај нас (1)
jovan, 02.11.2016 00:11:32
Agonijata doprva pocnuva. Ovaa denesna*agonija*, ke bide nisto vo sporedba so toa sto ne ceka.
   82 |   64
bitola-1, 02.11.2016 05:47:00
RM-bara polna stari krokodili-voskresnati vampiri {krvopijci}.Od lubco kako i sekogas,pola-pola,{vistini i lagi}.Vistina e deka nema idealogija ni desno ni levo se e edno-Kriminal i interes,porano kaza uste edna vistina za mene,deka nema koj sto ne se Omrsil od politikata i deka dobro ja naplatil negovata politicka rabota{stanav sredno bogat biznismen},a lagi eden kup,edna od glavnite mu e deka nemalo dogovor za neodgovornost za nivnata rabota,pa kazuva kako 20 negovi bliski sorabotnici bile osudeni-da bea osudeni,ama so cija soglasnost, neli bc prvo se konsultirase so tebe a ti odobruvase koj mozi da se *SPAKUVA* koj ne.Sekoj sto e prati politikata i dlabinski,go znae ova.
   84 |   80
Oskar, 02.11.2016 07:38:38
Браво за авторот, одлична карактеристика за нашите политичари. Не е случајно што последни во Европа создадовме држава и последни ќе влеземе (ако воопшто влеземе) во ЕУ. Нај страшно во случајов, не е тоа што политичарите создадоа невозможна атмосфера на меѓусобно разбирање и како што велите, алчност, нечовечност и дрскост, тие таа атмосвера и односи ја пренесоа и меѓу граѓаните. Никако да се појави зрак за некаква надеж.
   89 |   70
Трпе, 02.11.2016 08:33:45
Три од десете заповеди на ДРПАМЕ до македонскиот народ.1. Ние сме владетели ваши не им верувајте на други политички партии.2.Не им верувај на овие кои сечат,лепат и монтират. 3.Не им верувај на овие кои лажат,шпекулират и дезинформират.
   83 |   67
tihi, 02.11.2016 10:34:45
Bolest ne se lechi so otrov.Vasheto vmnenie deka SDSM e lekot se pokazhuva kako pogreshen ,osven ako ne se zalagate za eutanazija.
   74 |   87

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пет28
Саб22
Нед16
Пон21
Вто23
Сре23
Чет24
Пет22
Саб23
Нед23
НајчитаниНајкоментирани

Насилството запре, демонстранти ќе спијат пред Собрание
Тешка владина криза во Хрватска
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ