www.utrinski.com.mk
28 април 2017 21:42
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.12.2016, 15:25

Писма - Извршување на нарачани даночни контроли е тешка повреда на работниот однос

Славко Лазовски, Центар за даночна политика


УЈП во своето соопштение од 19.12. вели: „Ве информираме дека Управата за јавни приходи, согласно своите законски надлежности, а без разлика на политичките текови, редовно врши контрола кај сите даночни обврзници. Во конкретниот случај е постапено по барање од ноември 2016 година на друго државно тело, кое има надлежност да покренува иницијатива за контрола на финансиското работење“.

Неспорен е фактот дека УЈП е државно тело кое врши проверка, утврдување и оценување на состојбите што се од важност по однос на даноците. Но, кое е тоа „друго државно тело“ кое „покренало иницијатива“ или „барање“, како што стои, „за контрола на финансиското работење“.

Ова не ме изненадува. Но да укажам, за да се подобрат работите. Во две реченици три грешки. Некој поистоветува или исто му е: барање и/или иницијатива. И третото, премногу амбициозното: „контрола на финансиското работење“. Го отворам Законот за даночната постапка, таму таков термин нема.

Во Законот стои дека надворешната контрола се извршува од одделението за надворешна контрола во организациската единица на УЈП. Членот 87, став (2) буквално гласи: „Одделението за надворешна контрола одлучува согласно со својата обврска за оценување дали и кога треба да биде реализирана една надворешна контрола“. Тоа значи дека секој може да покрене иницијатива, да достави барање за извршување надворешна контрола, но само еден одлучува, а тоа е раководителот на тоа одделение. И никој друг. Негова е одлуката, негова е и одговорноста.

Во соопштението на УЈП се вели дека редовните контроли се вршат „без разлика на политичките текови“. Доаѓаме до уште две „бисерчиња“: редовни контроли и политичките текови. Што човек да каже, освен да повика на колективно потсетување на мудростите на нашиот народ, запишани од големиот Марко Цепенков: „Море врзи си гаќи в?темнина, не пали кита борина“.

Да не беше наведено ова „политичките текови“, ќе беше некој степен поубедливо. Сега веќе спомнато станува само потврда за сопственото постоење во времето и просторот. А и не може никако поинаку да се спроведат заложбите во Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ за „јакнење на граѓанскиот сектор кој нема да биде под ничија контрола“, па тоа мора да се спроведува преку „редовни контроли“ и тоа кај даночни обврзници кај кои даноците изнесуваат 0,000 ...% од вкупните даночни приходи остварени во буџетот. Не сум баш сигурен дали и по третата нула по запирката, се појавува нова нула или некоја друга бројка. Редовна контрола, па редовна во декември, во последниот месец од даночниот период – календарската година.

Сосема се согласувам со изнесеното: „Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирањето на фондациите и невладините организации по образецот на најнапредните демократии во светот“. Па доста беше да бидеме и по тоа последни во Европа. Далеку зад себе не' оставија Молдавија, Косово. Ќе ги престигнеме, набрзо, ама со друг политички субјект.

Но, сето погоре наведено не е ниту толку битно, ниту го заслужува вашето внимание, драги читатели. Она што е најсериозно во оваа ситуација е тоа што секој оној што ќе прифати туѓа одлука за извршување на надворешна контрола кај кој било даночен обврзник, чини тешка повреда на работниот однос. Но, и тоа не е се'. Како ќе го „зајакнете“ граѓанскиот сектор, како ќе го подобрите „регулирањето на областа на финансирањето“, како ќе ги достигнете „најнапредните демократии во светот“, ако не ги „погледнете“ резултатите од надворешната контрола. Тука е големиот проблем. Не е проблем толку самиот чин на извршување на контролите, туку што ќе произлезе од тие контроли. Така, доаѓаме до вистинската опасност. Законот крева висока заштита од кој било да е на власт, па вели за резултатите од контролата знаат само двајца: раководителот на одделението за контрола, кој дал налог за контрола, и извршителот на контролата – инспекторот. И никој друг. Секој кој е на власт и сака да „ѕирне“ во резултатите, ќе си понесе соодветна одговорност. Но тоа не не' интересира, затоа што е далеку од нас, даночните работници. Но, одговорноста паѓа и на самите даночни работници, кои ги лиферуваат тие информации. За да се заштитат себеси и да го сочуваат своето работно место, законот налага сочинување на службена белешка за тоа кој, кога, во колку часот и што им „наредува“ да направат од она што е спротивно на закон.

И покрај ваквите ризици и опасности на кои се изложени, длабоко сум убеден дека даночните работници правично, законито и професионално ќе ги извршат своите задачи.

Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
23°СкопјеВреме
Облачно
Пет28
Саб22
Нед16
Пон21
Вто23
Сре23
Чет24
Пет22
Саб23
Нед23
НајчитаниНајкоментирани

Зекири: Дел од толпата имаше радиостаници и оружје
Мост излегува од хрватската влада
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ