www.utrinski.com.mk
28 март 2017 23:36
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 14:27

Подотворена завеса

Големи и мали

Трајче Кацаров

Диме Такси го пречекува студентот што слегува од автобусот на улицата „Караорманска“. Студентот ја бара зградата со број 13. Тетка Донка мајката на Раде и жената на Пандо кој бил во затвор, токму на ул. „Караорманска“ бр 13, издава една од собите во станот. И требаат пари. Откако Пандо го затвориле, животот ептен и поскапува. Нејзината плата на чистачка е мала за да ги покрие трошоците што од месец на месец стануваат се' поголеми и поголеми. Тетка Донка решава да ја издаде собата под кирија додека Пандо се врати од затвор. Студентот и' изгледа ептен погоден за потстанар. Студентот исто така ја бендисува собата и веднаш се вселува во неа. Ете, така некако Бошко Смаќоски не' воведува во содржината на романот насловен како „Големи и мали“. Роман во кој дејствието е отстапено на жителите на улицата „Караорманска“. Во продолжение на текстот ќе прикажеме еден фрагмент од романот. Фрагментот ќе појасни зошто му се навраќаме на ова дело кое всушност е лектира за учениците од петто одделение.

„Од сите други прозорци исто така имаше начичкано најразлични глави, под стреите стоеја зашеметено многу дечиња празнично облечени, друг некој викаше од некоја страна, летаа клетви, пцости, заканувања.

-Што е ова? - ја прашувам тетка Донка.

Не знам од кој крај, една жена извика: Море, еднаш сите вас треба да ве испозатворат!

... Дури по час време, сите лека - полека го напуштија боиштето, се повлекоа. Се повлече и тетка Донка, но таа продолжи да се кара, да колне, но овојпат во кујната. Всушност, и' беше загорено јадењето.

- Ништо, другата недела пак ќе има карање, па наместо мене од истиот овој прозорец ти ќе се караш!

- Ама, тетка Донке!...

- Не плаши се, јас ќе бидам зад тебе и ќе ти кажувам што треба да им велиш... Сакам да видат дека сум добра домаќинка и дека моите станари се готови за мене и низ прозорец да скокнат!

- А зошто беше сета ова караница, тетко Донке? – ја прашав.

- Ех, многу знам зошто?“

Кутриот студент, како што стои во романот на Смаќоски, толку многу се уплашил од задачата што му била доверена така што по само една недела престој во станот на тетка Донка, побарал засолниште кај свој колега на другиот крај од градот, далеку од улицата „Караорманска“.

Романот е напишан во 1966 година. Сигурен сум дека авторот немал ама баш никаква намера да го антиципира денешното време - времето на кавги, клевети и желба некои да бидат затворени, некои да бидат омаловажени, а некои пак дури и ликвидирани... Немал, ама успеал низ ситен делничен призор да испрати голем наук до поколението, до оние кои забораваат, или не знаат дека недоразбирањата, кавгите, водат до самоуништување...

Статијата е прочитана 474 пати.


Испрати коментар
Концерти, предавања и франкофонски средби за Меѓународниот ден на франкофонијата
„Плати со поезија“ во Скопје и во Велес
Одбележан Светскиот ден на раскажувањето
Нови автори од „Апсолутно модерен“ во Скопје
bitola-1, 21.03.2017 07:06:33
I taka karanicata si prodolze,:Koga najdoja stanovi od majka i sposobni sinovi i tie im najdoja stanovi, koga im najdoja kirii i tie im najdoja kirii,potoa slusnavme za provizija od zuti i edno evro kaj Vice i se taka kako karta na karta,so vcerasnata posledna za sega nivna kavga, za profesorot od Prilep,za denes tie da im najdat nivni profesor od Kumanovo, i se taka argumenti do beskraj vo dokazuvanjeto deka se ista sorta.Ova e izvadok od zivotnata segasna Lektira za prvacina i za onie koj nemozat da raspoznaat neshto isto-trulo ,za englezi i nepopravlivi povtoruvaci,pri oci slepci,koj vikat promeni i razlicni,a praksata kazuva SEPAK ISTI,a i dresot so boi go poizmeshaja,pa ne znaesh koj e koj,{tie plavi-ovie sini,tie crveni-ovie alovi......???}
   8 |   5

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
8°СкопјеВреме
Ведро
Вто18
Сре21
Чет20
Пет21
Саб22
Нед22
Пон23
Вто22
Сре21
Чет20
НајчитаниНајкоментирани

Седница за Македонија во Бундестагот
„Здравството е добро, но штедете за приватниците“
Невремето „Деби“ беснее во Австралија
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ