www.utrinski.com.mk
23 јуни 2017 08:45
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
26.12.2016, 17:42

Пајтонот се врати во Градски парк

Пајтонот повторно вози само низ Градски парк, иако во изминатиов период тој минуваше и по траса низ центарот на Скопје. Истовремено се префрли и на зимска шема, односно достапен е за возење само во сабота и недела. Како што велат од Луна-паркот кои се задолжени за пајтонот, дали и колку граѓаните ќе можат да се возат со него ќе зависи, пред се', од временските услови.

„Коњите се здрави и во добра кондиција. Секојдневно минуваат одредено време во прошетка, но заради кондиција. Заедно со пајтонот, на услуга на граѓаните зимава ќе бидат достапни само преку викенд, некаде од пладне па до 16-17 часот. Во кочијата можат да се превезуваат четворица. Возењето и натаму чини 100 денари, а за деца 50 денари“, велат од Луна-паркот.

Турите почнуваат од скалите кај Луна-паркот, траат дваесетина минути, а се вози по патеките низ Градски парк. Во слободно време, коњите се згрижени во живеалиште наменето за нив во Зоолошката градина. Секојдневно се под медицински надзор и се на посебен режим на исхрана.

Инаку, проектот, по налог на Градот, го реализираше „Паркови и зеленило“, пред речиси три години. Пајтонот е доверен на одржување на одговорните од Луна-паркот. Коњите и кочијата беа купени со градски пари. Кочијата е изработена во Полска за околу 13.000 евра, а двата липицанери беа купени од приватна одгледувачница од Солун и за нив беа платени вкупно18.000 евра.

Одговорните напоменуваат дека и натаму се отворени за соработка со заинтересираните за фотосесии со коњите, на пример, за свадби и други свечености. Пајтонот може да се изнајмува и за возење во одредени пригоди за што постои и утврден правилник и ценовник за користење. (Д.Т.Д.)

Статијата е прочитана 472 пати.


Испрати коментар
Некои згради не ги решија проблемите ниту со управители
Врачени наградите за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Сончево
Пет33
Саб32
Нед33
Пон32
Вто31
Сре33
Чет33
Пет32
Саб32
Нед29
НајчитаниНајкоментирани
 
250 години од раѓањето на таткото на модерниот универзитет
Сугарески ги потврди грешките на автопатите, ЛП бара остри казни
Самит: ЕУ излегува од критичната состојба
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ