www.utrinski.com.mk
29 мај 2017 07:40
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
15.05.2017, 12:03
Според Министерството за финансии се уште нема законска основа за исплата на субвенциите



Согласно деловникот на Уставниот суд, Министерството за финансии се уште нема законско право да ги исплаќа субвенциите до носење на конечна одлука од страна на Судот. Минатата среда Уставниот суд донесе само решение, а конечна одлука се очекува да биде донесена оваа среда.
Од Министерството за финансии велат дека по извршена консултација со Уставен суд им било посочено дека само по основ на решение немаат законска основа да ги исплаќаат субвенциите, туку согласно Деловникот на Судот мораат да почекаат носење конечна одлука која се очекува во среда.
По официјално објавување на конечната одлука на Уставниот суд, од Министерството велат дека нема да има законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.
- Министерството постапува строго прецизно согласно законите. Согласно законската регулатива Министерството досега немаше можност за исплаќање на субвенциите, односно од распишување на изборите до избор на влада. И покрај бројните притисоци во вид на шпекулации дека Министерството нема средства да ги исплати субвенциите, Министерството истраја и ја испочитува законската регулатива. Штом Уставниот суд ја донесе конечната одлука во среда и ја објави официјално, Министерството за финансии ќе пристапи кон исплата на субвенциите, велат од Министерството за финансии.
Статијата е прочитана 341 пати.


Испрати коментар

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Сончево
Пон23
Вто25
Сре27
Чет28
Пет25
Саб25
Нед25
Пон24
Вто24
Сре25
НајчитаниНајкоментирани
 
Новата влада на Заев: Преценети кадри или потценети реформи?
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ