www.utrinski.com.mk
29 мај 2017 20:50
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:21

Стигна првата закана од меѓународната заедница

Предупредувањата на меѓународната заедница по се' изгледа завршија, доаѓа време за санкции кон тие што ја опструираат новата влада

Слободанка Јовановска



По серијалот на предупредувања, пораки, совети и укажувања околу политичката криза во Македонија, од САД стигна првата изјава која е нешто повеќе од тоа - отворена, јавна и директна најава за санкционирање на оние кои го опструираат процесот на формирање влада во земјата. Што е уште поважно, во изјавата од Стејт департментот, дадена за Гласот на Америка, јасно се гледа правецот во кој ќе се гради меѓународен случај и врз која основа: загрозување на регионалната стабилност, провоцирање меѓуетнички конфликт, спречување легитимен трансфер на власта и кршење на Уставот на земјата.

Освен што порачаа дека по изборите во декември во Македонија е создадено „јасно парламентарно мнозинство“ од Стејт департментот ја пратија и заканата.

„Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и на регионот. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање одговорност за нивните постапки“, стои во изјавата од Вашингтон.

Според Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО, во пораката од САД се укажува на повеќе неприфатливи последици од однесувањето на актуелната власт, на чело со претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тие се: загрозување на меѓунационалните односи во Македонија, загрозување на стабилноста во регионот со правење непријатели од соседите, форсирање владејачка коалиција на прифатлива етничка основа, па и промовирање некаков пансловенизам. Според негова оценка, прашање на време е кога ќе биде објавена одлуката на меѓународната заедница за санкции кон, како што вели, 46 таргетирани политичари, бизнисмени и други профили од тесниот круг на луѓе околу владејачката партија кои го опструираат нормалниот политички процес на смена на власта.

„Листата веќе е составена, на неа прв ќе биде Иванов“, вели Ружин, очекувајќи брзо да дојде до расплет на ситуацијата во земјата. Според негови неофицијални информации, се подготвуваат билатерални санкции, бидејќи на ниво на ЕУ е можно вето од Полска и од Унгарија.

„Досега Брисел и Вашингтон се обидуваа да влијаат со таканаречен мек притисок, сега се подготвени за тврд“, вели Ружин, повикувајќи се на дипломатски и политички контакти.

Она што е сепак извесно е дека во Брисел се прави клима за политичка пресметка со владејачките партии во и околу ЕУ што ја загрозуваат демократијата, и дека се бараат алтернативни механизми бидејќи во ЕУ виси ветото од некои земји. Во игра е и притисокот преку народните партии, за што повеќе ќе се знае по 29 април.

Вчера СДСМ го нарече Иванов „вршител на должноста претседател“, потсетувајќи го дека тој има обврска да го овозможи формирањето влада и дека постапувањето спротивно на државните интереси е погазување на Уставот и загрозување на стабилноста на Македонија, поради што и тие најавија барање одговорност. Иако во моментов тоа звучи како празна реторика, на долг рок никој не може да биде сигурен дека нема да дојде цехот за незаконското однесување во кризата.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер и вчера повтори дека излез од кризата има, дека има изборен резултат што е јасен, дека треба да се избере спикер на парламентот и да се формира влада.

„Задачите се веќе на маса и со реформите ќе мора да се започне што е можно поскоро, а потоа ќе дојдат и локалните избори на ред, меѓутоа, како што кажав, по редот којшто го наведов“, изјави Алтхаузер.

Андреја Стојковски од „Евротинк - центар за европски стратегии“, исто така ја смета изјавата на Стејт департментот како можна најава за санкции, бидејќи повиците за разум и почитување на демократските процедури не дале резултат.

„Оваа изјава ја гледам на три начини: прво, како најава за следниот чекор, односно санкции за индивидуалци и за деловни потфати кои се поврзани со корумпирани политичари, осомничени или обвинети од СЈО и други кои со своите постапки го прекршуваат Уставот; второ, како потсетување дека договорот од Пржино кој беше прифатен од сите политичките лидери предвидуваше и утврдување на одговорност за сторените прекршување и дека од тоа нема можност за бегање. И, трето, како охрабрување за парламентарното мнозинство да се одважи, да ја надмине блокадата на Собранието и да ја исполни волјата на граѓаните“, смета Стојковски.

Статијата е прочитана 1370 пати.


Испрати коментар
Бушати
ДУИ тврди дека Заев и Груевски преговараат
Иванов не само политички, може да одговара и кривично
Иванов - Иваниќ - Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Sandra, 21.04.2017 00:36:28
Ако тврдоглавоста на тврдокорните Грујо и Хорхе продолжи, не е далеку денот кога ќе се официјализираат веќе постојните индивидуализирани санкции, но ќе следи и нешто многу полошо - од влијателните меѓународни фактори ќе се оспори легитимитетот на сегашната техничка влада во која противправно делуваат вршителот на должноста премиер и уште неколку министри со пратенички статус. А после ова соопштение од САД, не дај Боже да падне некоја жртва во Македонија, оти на Хорхе, Грујо и Фамилија не им гине меѓународен суд за злосторства. Алоооо Хорхеее, што ли тоа беа меѓународните пораки за почитување на демократски принципи, за почитување на Уставот, за пристојност и за здрав разум?
   20 |   10
dragan, 21.04.2017 01:13:03
kakvi strucnjaci imate toa e ne verojatno. Prasanje za strucnjacite, dali ucesnicite na sarenata revolucija ja opstruiraja demokratijata i legalno izbranata vlast? Dali urivanje, rusenje na temeilte na drzavata preku plukanje, kodosenje bese demokratsko i legitimno?
   19 |   18

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пон28
Вто25
Сре27
Чет28
Пет25
Саб25
Нед25
Пон24
Вто24
Сре25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев: влада до среда и укинување на екстерното
Пресврт во односите на Германија и САД?
Хрватска (не) го сака еврото
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ