www.utrinski.com.mk
28 март 2017 23:36
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 16:01

Мислење

ВМРО-ДПМНЕ пикира влада на широка коалиција

Слободан Најдовски

Најлошата варијанта во овој момент е формирање влада од сите партии во Собранието, без разлика како ќе биде наречена. Таа влада постојано ќе биде под притисок на распаѓање. Широката коалиција ќе ги спречи реформите во државата

Три месеци по одржувањето на предвремените избори, наместо разрешница на двегодишната политичка криза состојбата се влошува. Македонија, во некои делови формално, а во некои и фактички, е без институции. Собранието е само формално конституирано. Владата функционира како техничка со зарибан мотор. Претседателот на државата ја држи нацијата во неизвесност.

Првиот чекор за излез од кризата е избор на претседател на Собранието со што ќе се овозможи ставање на законодавниот дом во функција со полн капацитет. Вториот, кој не мора и по редослед да е на второ место, ама претседателот на државата по налог на „шефот“ така одлучи, е одредување на мандатар за составување избор на влада од партиите кои доставија потписи, во овој случај претседателот на СДСМ, Зоран Заев, иако барањето на „доказ“ е надвор од досегашната пракса.

Во дваесет и пет годишната плуралистичка историја на Македонија не се памети Собранието да не може да избере претседател. Дури и на првите парламентарни избори, кога гледано низ бројките немаше изразит победник, претседател се избра во многу покус временски период. На подоцнежните избори, партиите кои создаваа парламентарно мнозинство за десетина дена постигнуваа договор за избор на претседател и почнуваа разговори за составување на влада. Тоа беше логичка работа и ниедна партија која ја предводеше владата до избори не поставуваше сопки. За првпат Македонија се соочува со опструкции за материјализирање на волјата на гласачите и за профункционирање на законодавниот дом. Заокружувањето на процесот на конституирање на Собранието ќе ја врати дискусијата за проблемите со кои се соочува државата таму каде и' е местото, во парламентарните клупи.

Основната, или поточно речено единствена причина за продолжување на кризата, е отсуството на спремност кај ВМРО-ДПМНЕ за соочувањето со фактот дека по десет години владеење со државата треба да оди во опозиција. Со одењето во опозиција голем е стравот кај функционери и раководни личности на државно и локално ниво да се соочат со правдата. За таа цел ги избраа предводниците на протестите кои петнаесетина денови се одвиваат во Македонија.

Активностите на таканаречената „Заедничка Македонија“ имаат цел да се спречи формирање на влада предводена од СДСМ. Тоа не го прават заради платформата на партиите на Албанците во Македонија, туку за да се оневозможи воспоставување на институции кои ќе функционираат со полн капацитет. Тие не се ништо друго освен продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ. Откако им стана јасно дека во ДУИ надвладеа реформското крило и дека не е можна коалицијата која осум години сложно го разградуваше системот на државата, борејќи се против наводната платформа своите активности ги сведуваат на две барања, кои случајно или не се идентични со барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Едното е барањето за нови избори, а другото е СДСМ да ја отфрли платформата на партиите на етничките Албанци. И во двата случаи не кажуваат што понатаму, како ќе ја градат „заедничката држава“. Двете барања се сведуваат на една цел, да не се дозволи формирање влада во која нема да биде ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно им е дека новите избори нема да ја решат кризата. Напротив ќе ја продлабочат, дури и под услов ако калкулациите на поединци во ДУИ преминат во перверзија и да имаат за цел играњето на националистичка карта да доведе до точка на вриење при што сметаат дека новите избори би ги довеле ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во поповолна состојба при што ќе си ја продолжат старата љубовна идила сосе платформа. Но Македонците во 2002 година покажаа дека не подржуваат партија која меѓуетничките односи ги доведува до конфликт, а на тој пат сега е огромното мнозинство од припадниците на етничките Албанци во Македонија. Исто така, на „заедничките“ им е јасна ступидноста на барањето за изјаснување односно отфрлање на таканаречената платформа. Нема потреба идниот мандатар Зоран Заев да се изјаснува за платформата, туку партиите кои ќе коалицираат со СДСМ треба да ја прифатат програмата која ја предлага мандатарот надополнета со предлози кои ќе бидат во согласност со уставот и во рамките на постојните закони во Македонија. Со претставувањето на програмата е јасно кажано кои ќе бидат приоритетите на владата и за што може а за што не може да се постигне согласност.

На креаторите на протестите за (Не)заедничка Македонија им е јасно дека и двете главни барања на протестите се беспредметни. Но тие ги поставуваат да дојдат до главната цел која е искреирана во палатата на најбогатата партија во Европа, а тоа е создавање на влада на широка коалиција. ВМРО-ДПМНЕ своето барање ќе го камуфлира зад предлог за формирање на влада за спроведување на избори во која не би сакале да учествуваат, ама ако се договори така и за „доброто на државата“ под патронат на меѓународната заедница тие би влегле. Тие сакаат таканаречена техничка влада со ограничен мандат која нема да смее да се бори против криминалот, туку да ја разрешува наметнатата политичка криза.

Во сегашнава игра и предлогот за формирање техничка влада ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го доведе СДСМ во позиција во која ќе се создаде впечаток дека помеѓу партиите кои победуваат кај Македонците и помалите етнички заедници не постои разлика во однос на решавањето на меѓуетничките прашања и на етничките Албанци им е сеедно со кого се прави коалиција. Со тоа се сака да и' се помогне на ДУИ, но и да го намали одбојниот однос на Албанците кон ВМРО-ДПМНЕ кој партијата го предизвика во овие три месеци.

Најлошата варијанта во овој момент е формирање на влада од сите партии во Собранието, без разлика како ќе биде наречена. Не смее да има влада не само во која би биле личности кои се под сомнение за криминал и злоупотреба, туку и партијата во која тие имаат влијание. Таа влада постојано ќе биде под притисок на распаѓање. Широката коалиција ќе ги спречи реформите во државата. Ќе ја спречи реформата на ВМРО-ДПМНЕ, која во наредните четири години како силна опозиција треба да придонесе за контрола врз идната влада, бидејќи самите знаат какви штетни последици има државата од аздисана власт. Најзначајно е што таквата влада не ќе може да ја води битката за расчистување со криминалот во државата во изминатите десет години, а која е главната причина за деградацијата на македонското општество. Во таквата влада постои можност дел од пратениците на ДУИ да калкулираат кога е во прашање покренување на одговорност кај личности со кои заедно ја креирале политиката во изминатиот период.

Создавањето на влада која ќе има помала поддршка во парламентот или која ќе нема двотретинска поддршка е добро за да не може да се донесуваат решенија од пошироко значење без консензус. Особено за прашањата кои сега се отвораат да може подолго време да се води расправа во општеството. Во таа расправа дури и ВМРО-ДПМНЕ како опозиција да поддржи одредени предлози. Една од причините зошто треба да ги подржи е во иднина да исправи дел од грешките со кои си создаде ѕид за коалиција со некоја од партиите на етничките Албанци во Македонија. Ако тоа не го направи или ќе биде постојано во опозиција или ќе биде заменета со друга партија.

Во секој случај колку побрзо се формира влада од партиите кои обезбедија парламентарно мнозинство толку е поголема шансата за влегување во нормален колосек на Македонија. Во спротивно, агонијата која ја предизвикува власта во заминување ќе продолжи, а последиците ќе бидат со разорно дејство по македонското општество.



Статијата е прочитана 2556 пати.


Испрати коментар
Корејски рулет
Старата власт со план за спас
milko, 21.03.2017 00:17:48
Sve drugo osven razbituvane na mkd. e podobro
   67 |   24
jovan, 21.03.2017 00:48:03
Prvo VMROvskata bagra vo zatvor, potoa vlada i reorganiziranje na drzavata. So vakva predavnicka bagra koja raboti za tugi interesi, ne ti treba ni vlada, pa ni drzava.
   49 |   35
bitola-1, 21.03.2017 01:21:24
HAHAHA,a koj toa rece{kontrakomentirase}deka bivshiot e strateg-ekspert samo po ekonomija,eve pak neka cita,pa ke vidi kakov ekspert-analiticar e i za geopoliticki,odbranbeno kriminalni strategii e.Sega vistina ova se sovpaga so ona sto Shekerinska,a i mnozina pred toa i po toa go povtoruvaat od pred eden mesec pa do denes,ama bivshiot ne e kriv za toa,i toj si ima svoj{papagal-stav}.Ete ako nekoj pocne da pishuva za kriminalot vo REK,ili i za zagaduvanjeto od REK so pepelta koja denovive ja prezentirashe TV-Telma,a nie pred edna godina se cudevme od kade ni dojde zolto-siva prashina vo BT{aj sto se cudeja vlastite,ama se cudeshe i opozicijata},ete Telma ni otkri,ama ke otkrijat deka i toa deka pepelta ne se posipuva,a se isplaka na firma sa posipuvanje.E ako nekoj ova pocne da go pishuva,jas sum siguren,deka i bivshio se ke ni analizira,kako vo slucajot so Oficirskiot dom{dostoen na potrcko kolumnist}.2002g,narodot kaza NE,ama i 2006g kaza NE na lagite,arogancijata i kriminalot vo
   53 |   30
do Slobodan, 21.03.2017 04:17:58
Protestite ne se za da se sprechi vlada na SDS,tuku se za da se sprechi nosenje zakon za jazik koj sto e protivustaven.Ako SDS se otkazhe od zakonot i jasno da ja odbie platformata,togash veruvaj deka protestite kje zaprat,a SDS kje si naparvi vlada.Postoi dzid megju VMRO i arnautskite partii,no toj dzid e izgraden od platformata.Dali kje bide VMRO vlast ili opozicija zavisi samo od makedonskite glasachi.Duri i ushte poostro sprotivstavuvanje od VMRO na iredentistichkite baranja od DUI,BESA,Alijansata,mozhe da go dovede VMRO do apsolutna pobeda na narednite izbori.Dzid ima i megju SDS i mnozinstvoto Makedonci,a toj dzid si go napravi SDS.Ako prodolzhi SDS so antimakedonskite politiki,postojano kje gubi na izbori i mozhebi kje bide zameneta od vistinska levicharska partija koja bi bila i patriotska za razlika od SDS.
   67 |   165
Ivan, 21.03.2017 04:50:06
Duri i domashnite zivotni imaat poveke chustvo i oset za svoeto zivealishte od ovoj i mnogu drugi zivotni koj shto pokushuvash da gi spitomish ali se gleda deka nema fajde. Narodot ubavo rekol deka od sekoe drvo ne mozish da napravish svirche. More bumbar, nikoj ne veli deka zajko so uchkite ne smee da napravi vlada nego da ne se odi podaleku od kade shto sme zastanale vsushnost platformata. Tochno e deka zajko (sdsm) nema potreba da se izjasnuva okolu taa platforma zatoa shto i tie se dell od shnajderite/krojachite. Do koga ke trubite?? Ako narodot ne se osvesti, kolku shto ke stradame nie tolku ako ne i poveke vie trutoj.
   69 |   50
Ајван Доктор® До: do Х i Ajvan, 21.03.2017 08:43:34
Бидејќи со денови ме убедуваше во глупости,еве ти линк до текстот во Утрински http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=987FA61B1048A74496FF638478635DC7 кој јасно кажува како е во Финска:„Двојазичноста во Финска се смета за богатство“!За жал,наместо мешавината од нации,јазици и култури „чедава Александрови“да ја сметаат за богатство,тие се толку духовно јадни и бедни што мислат дека се сами на светов и дека тој започнува од нив!
   67 |   57

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
8°СкопјеВреме
Ведро
Вто18
Сре21
Чет20
Пет21
Саб22
Нед22
Пон23
Вто22
Сре21
Чет20
НајчитаниНајкоментирани

Седница за Македонија во Бундестагот
„Здравството е добро, но штедете за приватниците“
Невремето „Деби“ беснее во Австралија
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ