www.utrinski.com.mk
25 декември 2014 23:43
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
30.03.2014, 12:39

Четиринаесет партии доставија листи на кандидати за пратеници

До Државната изборна комисија (ДИК) вчера до 24 часот листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија доставија 14 политички партии меѓу кои се и пет коалиции.

Како што информираат од ДИК, за сите шест изборни единици во Македонија и за трите изборни единици во странство, листи на кандидати доставија - Демократска унија за интеграција (ДУИ), СДСМ и останатите партии во коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ и останати партии во коалицијата.

Демократската партија на Албанците (ДПА) поднесе листи на кандидати за пет изборни единици (1, 2, 3, 5 и 6) во Македонија, како и за изборните единици 7 (Европа и Африка) и 8 (Северна и Јужна Америка), Национална демократска преродба (НДП) поднесе кандидатски листи за изборните единици 1, 2, 5 и 6 и за Изборната единица 7, Коалицијата Достоинство за Македонија има листи на кандидати за сите шест изборни единици во Македонија и за Изборната единица 8 за гласање во Северна и Јужна Америка.

За сите шест изборни единици во Македонија свои листи на кандидати за пратеници во Собранието доставија ВМРО Народна партија, Коалиција Гром, Коалиција за позитивна Македонија и Социјалдемократска партија на Македонија (СДПМ).

Политичката партија Народно движење за Македонија (НДМ) кандидатски листи има во пет изборни единици во Македонија (1,2,3,4 и 5), Партијата за Европска иднина (ПЕИ) – кандидати за пратеници има во четири изборни единици во државата (1,2,5 и 6), Партијата за економски промени 21 (ПЕП 21) – има листи за изборните единици 1 и 2, а Партијата за демократски просперитет (ПДП) – достави своја кандидатска листа само за шестата изборна единица.

Државната изборна комисија на утрешната седницата треба да ги потврди поднесените листи.

Статијата е прочитана 1187 пати.


Испрати коментар
Поповски
Заев
Груевски оди на избори со проверените кадри
Пендаровски - Правата на граѓаните мора да се почитуваат
Иванов од Богданци - Знаеме што сакаме и каде одиме
ДУИ првпат со листа и за Четворката
Зиков носител на листата во прва, Бучковски во втората изборна единица
Јанкулоска - Кампањата за претседателските избори тече мирно
mishko, 30.03.2014 18:02:34
Сите доставиле надежи за успех преку искомпонирани листи на пратеници,што е и очекувано.Единствено една партија поради дисхармонијата помеѓу надежта и реалната ситуација,прво ги објави имињата на изборните тркачи за потоа поради ,,воодушевеноста,, на поединци од високите позиции на тие листи,истите ги повлече и изврши партиско рекомпонирање.Таа партија е онаа која сопствениот кандидат за председател на РМ,истиот му ја додели улогата на ,,осамениот јавач,,Нешто слично во содржинските очекувања како во вечерашниот истоимен филм на TV HBO.Разликата е во завршницата на филмот и во реалниот постизборен живот.
od ostrijot, 30.03.2014 18:21:54
po brojot na partite mozat dani zavidat site vo evropa.

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
-1°СкопјеВреме
Магла
Чет4
Пет4
Саб0
Нед1
Пон-1
НајчитаниНајкоментирани

ЕУ: Како да се биде хуман и реален?
Сјајот и бедата на Вол Стрит во 2014
Анекс 13: „Кингерот“ летал на системски пропусти - од почеток до крај!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ