www.utrinski.com.mk
27 мај 2017 13:43
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:16

Сите молчат за случајот „Лажна бременост“

Нема став од Здружението на гинеколози, ни од Лекарската комора каде што претставката од пациентката стои во фиока цела година, бидејќи од технички причини не може да се формира комисија која ќе ја процени стручноста на лекарот

Јасмина Ј. Вељановска



Ниту лекарите, ниту надлежните институции сакаат да дадат стручно мислење за работата на гинекологот, кој девет месеци ја манипулирал пациентката дека е бремена. Став за овој случај нема ни стручното Здружение на гинеколозите при Македонското лекарско друштво, ниту, пак, Лекарската комора, каде што претставката на пациентката стои во фиока речиси една година, бидејќи не може да ја формираат лекарската комисија која треба да направи стручен надзор на случајот. Изманипулираната пациентка ја поднела претставката во Комората во април минатата година, и од тогаш досега предметот поминал само на етичка комисија и застанал кај стручниот надзор, кој е и најважен за Асоцијацијата да се изјасни дали докторот ја лекувал стручно или не.

И од Министерството за здравство не сакаат многу да коментираат. Оттаму велат дека во случаи кога постои сомневање за извршено кривично дело, постапувањето е во надлежност на судот и на истражните органи. „До донесување правосилна пресуда се почитува начелото за пресумпција на невиност“, е ставот на Министерството за здравство.

За тоа како може лекар за кого имало поплаки да премине од приватно во државно здравство, и тоа со преземање, од Министерството објаснуваат дека докторот доставил уредна документација и ги исполнувал сите законски услови за преземање во јавно здравство.

Зошто цела година не е направен стручниот надзор на предметот „Лажна бременост“, од Комората објаснуваат дека тоа е повеќе од технички причини. „Во Комората стасуваат секакви претставки, има многу предмети и на ниту еден не му даваме приоритет. Во конкретниот случај има проблеми да се состави стручната комисија, од причина што прво се чека да се пријават лекари кои сакаат да го направат надзорот, што не оди така лесно, бидејќи тоа е бесплатно и, второ, тие лекари треба да ги ускладат термините за да направат проверка на медицинската документација, да разговараат со обвинетиот лекар, а ако треба да се направи и увид во установата каде што прегледувал“, објаснуваат од Комората.

Ни претседателот на Здружението на гинеколозите при Македонското лекарско друштво д-р Горан Димитров, иако беше информиран за што го бараме, не ни даде стручно мислење за обвинетиот гинеколог.

Дел од лекарите кои не сакаат јавно да ја коментираат стручноста на гинекологот велат дека случајот може да има две страни, или лекарот има психички проблеми или постои друга заднина во приказната на пациентката.

„Она што го правел гинекологот може да укажува дека тој може да има некои психички проблеми, зашто многу работи од неговиот начин на лекување не се дел од медицината базирана на докази. Но, од друга страна, не се исклучува и пациентката да има психички проблеми, бидејќи многу е чудно и покрај хормонската терапија која може да дава лажни симптоми на бременост, жената, сепак, да не го почувствува плодот“, вели еден лекар, кој сака да остане анонимен додека не се расчисти целата ситуација.

А, пациентка која јавно проговори за лажната бременост не е единствениот случај кој гинекологот Н.Д., кој од септември лани работи на Клиниката за гинекологија во Скопје, манипулирал жени дека се трудни. Ваквиот пристап посебно го имал со пациентки кои се лекувале од стерилитет, со надеж дека покрај хормонската терапија и психички ќе им помогне да дојдат до дете. Дел од нив се чудат како на овој лекар, кој претходно работел во две приватни болници, досега не му е одземена дозволата за работа со пациенти. Други пациентки, пак, коментираат дека не можат да поверуваат дека манипулациите за кои се зборува се однесуваат за истиот гинеколог кај кого тие се лекуваат.

Случајот беше обелоденет пред неколку дена кога пациентката реши да проговори во јавноста за тоа како гинекологот цели девет месеци ја лажел дека е бремена, откако таа против него поднела и тужба до Јавното обвинителство. Гинекологот во третманот одел дотаму што и' покажувал туѓи ехо-снимки каде што се забележувал плодот, а срцебиењето на бебето на контролните прегледи го заменувал со ритамот на нејзиното срце.

Статијата е прочитана 1080 пати.


Испрати коментар
Политиката ги брка младите од земјава
На влезот во Тетово се' уште има ѓубре
Донирана нова опрема за следење на квалитетот на водата и воздухот
Родителите на деца со посебни потреби поставија шатори пред Собрание
bitola-1, 21.04.2017 00:40:19
Ajde i tuka nekoe Przino i olesnuvaci,abe ima neshto so zdrav razum i strucno vo RM.Ili strucni se samo so ime i plata,a so rabota*povikaj pomagac*. ili prashaj ja familijata?
   8 |   6
EU, 21.04.2017 01:22:01
Koj e toj sto bi mozel nesto da kaze koga celo opstestvo, so godini, lazno go zatrudnija.
   7 |   8
НЕВЕН ГНЕВЕН, 21.04.2017 07:35:44
Дали ќе дојде ден кога во здравството ќе има ред, совест и свест од страна на лекарите, кои патем, сами си ја бирале професијата, или ќе дојде ден кога несовесните лекари ќе бидат застрелани од страна на излажаните и на секакви начини омаловажени пациенти? А бре го одраа народот од пари и средства во натура, а за она што учеле, уво не ги боли. Затоа, прстот на умот, оти на луѓето и преку нос им е дојдено.
   21 |   6
Jas, 21.04.2017 10:58:48
Bedno objasnuvanje na lekarska komora.Niv samo im e bitno koj ke bide izbran za predsedatel,se drugo e nebitno.zosto nikoj ne objasnuva kako takov doktor e nagraden so rabotno mesto na ginekoloska klinika.
   14 |   7

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
21°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб22
Нед20
Пон22
Вто24
Сре26
Чет28
Пет27
Саб26
Нед27
Пон26
НајчитаниНајкоментирани
 
САД: Рамазански апел до муслиманите
Дебата во Бугарија: ќе ја биде ли Македонија?
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ