www.utrinski.com.mk
27 март 2017 16:34
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
18.09.2014, 17:52

Владата потрошила 18 милиони евра за кампањи

Од ЗНМ сметаат дека Владата, преку кампањите, влијае на уредувачката политиката на медиумите

Владата потрошила 18 милиони евра за кампањи во медиумите во периодот од 2012 до досега. Според објавените податоци во Извештајот што Владата го пласира на својата интернет-страница, во овој период имало вкупно 27 медиумски кампањи. Но, ако во 2012 година за кампањи се потрошени 6,6 милиони евра, само во првите шест месеци од 2014 се потрошени скоро 4 милиони евра.

Најголем дел од кампањите се за информирање на граѓаните за реформите во разни области, како судство, здравство, образование, земјоделство, туризам, администрација. Четири кампањи се за поттикнување на иновативниот и претприемачкиот дух, а по две против абортусот и за соживотот. Две кампањи се под мотото „Истражи ја Македонија“, а една е за промовирање на семејните вредности.

ЗНМ вчера ја повика Владата да прекине со објавување кампањи во приватните медиуми затоа што, како што сметаат од Здружението, тие не се од јавен интерес. Од ЗНМ сметаат дека Владата, преку кампањите, влијае на уредувачката политиката на медиумите, а со тоа и на јавното мислење. Здружението реагира на податоците во извештајот за владините реклами, што беше на интернет- страницата на Владата.

„Со овие кампањи Владата свесно ја убива смислата за јавна дебата, со цел нејзината вистина да доминира во медиумскиот простор и да го маргинализира секое критично размислување во медиумите и јавноста. Ова создава монопол на Владата во креирањето на јавното мислење, што е незамисливо во едно демократско општество, каде што таа води јавни кампањи само за прашања за кои меѓу граѓанството постои општ консензус“, оценија од ЗНМ.

Владата со 7,2 милиони евра, соопштија од ЗНМ, има речиси ист број на емитувани спотови колку што заедно имаат првиот, третиот и четвртиот од најзначајните огласувачи во медиумите. Тоа, според ЗНМ, значи дека Владата со овие пари има закупено ист простор во медиумите, колку што имаат заедно „Проктер и Гембел“, „Кока-кола“ и „Оне“.

„Од овие податоци се гледа дека трговските односи меѓу Владата и електронските медиуми не се базирани на економска логика, која важи за другите купувачи на рекламен простор. Ако се знае дека дистрибуцијата на кампањите оди преку приватни маркетинг-агенции, прашањето е како овие агенции успеале да обезбедат толку ниски цени за огласување за владините кампањи и зашто медиумите ја прифаќаат оваа неекономска логика на пазарот? Со спуштање на цените на рекламите ние сметаме дека Владата учествува во нарушувањето на медиумскиот пазар и негативно влијае на економското работење на медиумите. Освен тоа, ваквата состојба на пазарот ги става во нерамноправна позиција и другите огласувачи во медиумите. Кога овие кампањи би се платиле со пазарни цени, износот на пари за закупениот простор за владини кампањи би бил тројно поголем“, заклучува ЗНМ. (П.Р.)

Статијата е прочитана 604 пати.


Испрати коментар
Денот низ фотографии
 
Најнови вести
11°СкопјеВреме
Делумно облачно
Пон15
Вто18
Сре21
Чет21
Пет21
Саб22
Нед21
Пон21
Вто22
Сре20
НајчитаниНајкоментирани

СДСМ со 20 потписи ќе ја разбива блокадата на парламентот
Јемен: Војна, смрт и глад
Златна монета од 100 килограми украдена од музеј
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ