www.utrinski.com.mk
23 јуни 2017 08:41
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
05.01.2017, 19:03

Реплики

Загуба на три клучни битки

Соња Крамарска

Во досегашното искуство на плурална Македонија немало пример на политичар кој може да преживее таков тежок политички багаж каков што носи со себе Груевски

Во политиката се создаваат и се рушат митови, а еден од примерите за тоа е македонскиот долговечен премиер Никола Груевски, лидер на демохристијанската десница и политички позициониран во категоријата на конзервативни партии. Десетгодишното владеење на Груевски покажа дека тој иако градеше профил на непобедлив политичар, сепак загуби три важни битки кои го доведоа до генерален пораз во „војната“ што ја отвори со три водечки општествени фактори.

Прво, Груевски ја потцени улогата и силата на меѓународната заедница во земјите во развој како што е Македонија. Нашата земја од осамостојувањето стана членка на повеќе важни меѓународни и регионални организации како што се Меѓународниот монетарен фонд, Европската банка за обнова и развој, Централноевропската иницијатива, Советот на Европа, ОБСЕ, Франкофонијата, а од 2005 година го има и официјалниот статус на земја кандидат за членка на Европската Унија, како и земја кандидат за членство во НАТО. Членството во овие организации ја обврзува Македонија да следи одредени стандарди во економијата и особено во политиката, но Груевски го занемари тоа и преку неговите провладини медиуми постојано ја обвинуваше меѓународната заедница дека се меша во внатрешните работи на нашата земја.

Од друга страна, најсилниот адут – кандидатскиот статус на Македонија за членство во ЕУ, подразбира воведување и примена на европска регулатива и политички критериуми во областа на човековите права, судството, слободата на медиумите и заштитата на приватната сопственост, каде што владата на Груевски потфрли драматично, што доведе до засилен притисок од меѓународната заедница и дополнителна нервоза кај Груевски. „Војната“ со меѓународната заедница кулминираше по формирањето на Специјалното обвинителство на кое Груевски во почеток му даде поддршка, но потоа почна да го обвинува дека по инструкции на меѓународната заедница прави заговор против него. На крај во финалето на постизборните случувања Груевски безмалку стапи во отворена војна со амбасадорите на странските земји обвинувајќи ги за заговор со цел да биде отстранет од политичката сцена.

Втората изгубена битка е со граѓанското општество, чија важност и улога се чини никогаш не беа сфатени од страна на Груевски, кој сметаше дека како лидер на партија која е апсолутен победник на избори има право да ја обликува политиката исклучиво според неговите и желбите и интересите на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и само на неговите желби и желбите на неколкумина негови најблиски соработници. Се разбира, тоа е еден од најпогрешните пристапи во современата политика каде што граѓанското општество ја има улогата на тивка опозиција или на коректор на политиките и на власта и на опозицијата. Не успевајќи или не сакајќи да го прифати цивилниот сектор како силен општествен фактор, Груевски во него доби моќен непријател, но не предводен од Сорос како што утврдил тој, туку од многубројните граѓански групи кои беа засегнати од владините политики, а на кои Груевски не им посветуваше должно внимание бидејќи не беа во неговите партиски тефтери на сигурни гласачи. Тивката војна најпосле еруптираше во повеќенеделни протести низ улиците на Скопје, кои беа првото навестување за слабеењето на моќта на Груевски.

Груевски е во едно во право, а тоа е дека граѓанскиот сектор во последните неколку години добиваше силни финансиски инјекции од надвор, но ако се посвети и на читање други книги, а не само на книги од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, ќе знаеше дека во земјите во развој како што е нашата странските партнерски земји антиципираат подеми на автократски влади и ја чуваат демократијата преку финансиска поддршка на невладиниот сектор. Тоа е првото правило во политичките учебници кои Груевски ги избегнуваше сакајќи да инсталира „своја“ демократија, па дури и своја опозиција, а еве сега гледаме дека најавува и свои невладини организации, односно владино финансирање на невладините организации со цел да го потисне влијанието на Институтот отворено општество или Сорос. Патем Сорос веќе подолго време не е главен играч на полето на финансирањето на невладините организации, како што смета Груевски.

Третата и можеби најголема изгубена битка која ќе му биде важна лекција на доскорешниот премиер, е обидот да го заузда новинарството, кој заврши со негов дебакл. Иако провладините медиуми и натаму се лојални поддржувачи на неговите политики и настапи, на друга страна се создаде силен „непријателски“ блок од медиуми кои вознемирени од настојувањата на премиерот и неговата клика да создадат унифицирана вистина за нивната политика, отидоа во друга крајност – жестоко критикување на Груевски, кое не моменти дури и ги минуваше границите на професионално работење. Но не може да се каже дека со бруталноста што ја примени во неговата мисија за покорувањето на новинарите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и доскорешен премиер, не го заслужи тој однос од медиумите кои не успеа да ги скроти во својот безмилосен поход да биде единствен господар на вистината.

Некој ќе рече дека оваа анализа за медиумите е признание дека не се реални оцените на „Фридом хаус“ и на „Репортери без граници“ за немањето медиумски слободи во Македонија. Меѓутоа, најдобар показател за слободата на медиумите не се оние медиуми кои успеаја да се задржат надвор од орбитата и влијанието на владата и на самиот Груевски, туку медиумите кои потпаднаа под негово влијание, затоа што за првите се подразбира дека ќе имаат критички однос кон неговата политика, додека на вторите каде што работеа каналите за влијание, им беше ускратена таа можност.

Како и да е, се чини дека во десетгодишната немилосрдна битка со медиумите, новинарите се тие што ќе го имаат последниот збор на оцена за владеењето на Груевски, а не обратно. Дури и да успее да состави влада, некогашниот политички шампион во изборни натпревари повеќе ќе биде пион отколку крал на шаховското поле, зафатен од бесконечна спирала на политички уцени и условувања, кои ќе значат неславна завршница на неговата долга политичка историја.

Во досегашното искуство на плурална Македонија немало пример на политичар кој може да преживее таков тежок политички багаж каков што носи со себе Груевски на десетгодишнината од неговото стапување во водечка улога на политичката сцена. Неговиот претходник Љупчо Георгиевски во 2001 година во немоќ да ја одржи контролата над конфликтот со албанските бунтовници, влезе во јавни полемики со меѓународната заедница, но брзо ја сфати својата грешка и даде оставка на сите функции во партијата, откако беше поразен и на изборите во 2002 година. Денеска, тој го смета својот тогашен конфликт со меѓународната заедница, за една од покрупните политички грешки што ги направил и кои и' пресудиле на неговата кариера. За разлика од односите со меѓународната заедница, Георгиевски негуваше „кохабитациски“ однос со медиумите, а медиумските слободи ги имаше издигнато речиси на пиедестал, иако не го криеше незадоволството од критиките на кои катадневно беше изложен.

Груевски не ги научи тие лекции од неговиот претходник и затоа деновиве го гледаме како во последен момент се обидува да ја смени реториката кон САД иако неговите медиуми до вчера ја демонизираа американската улога во Македонија и во светот. Смената во администрацијата во Вашингтон е поволна околност за фаќање приклучок и обид да се спаси што се може, но дали пораките ќе стигнат до Белата куќа и дали некој воопшто ќе се занимава таму со нив, е сосема друго прашање сега откако изборниот резултат му ги врза цврсто рацете на некогашниот политички ас на македонската конзервативна десница.

 

НАПОМЕНА: Преземањето на текстот или делови од него, како и преземање на фотографија е дозволено само со одобрение од "Утрински весник" или според правилата на МПМ. За правилата на МПМ за преземање авторска содржина кликнете тука

Статијата е прочитана 5747 пати.


Испрати коментар
НВО-непријатели
Среќна нова
Што подготвува Груевски
milan, 06.01.2017 00:51:44
Da taka e g-go Kramarska, Grujevski ja podceni megunarodnata zaednica, ni edna drzava vo 21vek ne moze sama, a nasata siromasna pogotovo ne. Graganskoto opstestvo e vazen faktor vo pluralizmot za sekoja drzava, i nego go podceni a vrz parite od Soros ne uspeja da stavi raka.Sto se odnesuva do zurnalizmot ne go podceni tolku, ama ne uspeja da stavi se pod kontrola, setete se na A1TV.Potoa del od novinarskata fela poltronski se stavi vo sluzba na pastirot, pa zatoa naseto novinarstvo bese rangirano i poloso od fudbalskata reprezentacija vo svetot. Kandidatskiot status na ova drzava ne e zasluga na Grujo.Vsusnost Grujo nad se go podceni sopstveniot narod. Ja uvite greskata vizavi izborniot rezultat, pa zatoa ide na bakni raka kaj Albancit sto tolku mnogu gi vregase, a sega Zaev bil kriv,za nego mora da postoi nekoj krivec.Fala g-go za dobrata analiza i pozdrav.
   127 |   93
VMRO-sdsm, 06.01.2017 01:08:43
I VMRO- sdsm(po mislenje na B. Zasov VMRO im pripagalo na site pa za da nema diskriminacija) zaedno so meg.zaednica imaat ispusteno nekoi raboti koi se klucni vo nivniot neuspeh da gi porazat Gruevski, DPMNE i narodot od site partii vo sojuzot ZA PODOBRA MAKEDONIJA. Za razlika od porano, sega zapadot i Rusija ne se vo dobri odnosi i zatoa ne moze zapadot da ja polzuva Rusija protiv Srbija, Makedonija i DPMNE. Potoa, DPMNE so vladinite koalicii ne samo sto pokaza deka e daleku od nacionalisticka i desnicarska partija tuku so otstapkite osven sto se napravi golem dolznik na makedonskiot narod koj go izbira za potoa toj da izbira da gi razdava na DUI, tuku so istoto toa go napravi i DUI ne po malku golem dolznik i na DPMNE i na mak.narod. Do sega nemase slucaj zapadot da ne priznae izbori i da ne mu cestita na pobednikot. Ovojpat, zapadot gi diskreditira izborite i si dade avtogol. Ponatamu, Megunarodniot Monetaren Fond visi vo vozduhot i se potesko drzi cekor so konkurencijata od kapital
   83 |   172
Cane Sokolovski, 06.01.2017 02:17:52
„Кога коминицираме со луѓе, мора да ни е јасно дека не комуницираме со суштетства на логика туку со суштества на емоции„ -Dale Carnegie Дали однесувањето на Груевски е последица на недостаток на логика а претерано влијание? Не знам, ама онекогаш ми се чини дека тука се во игра други психолошкои фактори, зошто нормален човек не би смеел да ги аномизира докажаните западни пријатели на Македонија.без се чини, базична анализа! Можеби и не може да анализира, ама пак има толку советници. Неговите следбеници внимателно ги следат неговите порски за Сорос и слично и безрезевно ги прифаќаат нашто следи невидена омраза за било кој што мисли поинаку. Иако свеста е разбудена, нарочно кај НВО и невладините медиуми, сепак Груевски има силна подршка нарочно на социјалните мрежи и на ФБ! А фактот, во оние три точки кои ги објаснивте за неуспехот на НГ, само докажува дека тој е типичен homo illogicus!
   124 |   123
riki, 06.01.2017 03:59:18
Точно е дека тој градеше и се уште гради профил на непобеден политичар.Но паралелно со тоа градеше и раритетен Плурализам скроен по негова мерка.Која битка ја има изгубено?Изгубивме ние 11 год со него,без пари и поделени.На него и тие околу него џебовите им крцат со евра,може и Папата да го купат.На место интензивно да грабеше кон ЕУ ,тој 11 год деградираше,плуваше и делеше.Г.Крамарска,ние не пораснавме во деформирано јавно мислење,туку во нормални околности,неоптеретени со политика,никакви стереотипи и предрасуди.Имаше режим,имаше и пари.Сега ем режим ем без пари.Во тоа време за една црвена,такви како нив ги носеја в затвор,а не дај боже за пар милион евра,ќе ги бесеа.Да се разбереме,не дека Плурализмот е лош,тој е ПРЕКРАСЕН ама за во Шведска,не за овие апаши овде.
   147 |   103
bitola-1, 06.01.2017 05:31:14
I cetvortata bitka sto mu odi vo korist na grujo E, sto za opozicija go ima sds-oktopodot,koj so svojot BAGAZ,{tranziciona placka-aramilok},mu sluzi kako gromobran.A dokaz e i poslem 10g bezakonie na grujo,a sds napravi sojuz i so gospod i so gavolot,i so partizani i balisti,i so sto ne,pak ne uspea da go pobedi{51:49},sto znaci cirkuzot prodolzuva do novi predvremeni izbori,,,,
   93 |   182
respekt, 06.01.2017 06:33:20
Владини антипротести, владини синдикати, владини новинарски здруженија,владини медиуми,владини пензионерски здруженија,владина опозиција, владина Социјал Демократска Партија, владини ,,невладини,, организации(ГДОМ),владини институции, владина историја и.т.н.А главен архитект на владата е шампионот за изборни измами --Никола Груевски. И сега кога се разоткрија сите тие измами и манипулации на владата (Груевски) сведоци сме дека всушност со Македонија владеел изРОД. Сега, како никогаш до сега, на Македонија и е неопходен човек од мајка РОДен, кој ке ги урни сите овие владини монструми и почне да гради ДРЖАВА, на сите ГРАГАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:
   140 |   106
Da mu sezgadi na chveka, 06.01.2017 07:14:38
Shtom pochnesh da citash/glrdah provladinite vesnicii/TV, sve e kako podmachkano opozicijata e obvinuvaat deka ne e svesna kakva shteta e pravi na MKD vo posledno vreme, a koga ke pochnesh da gi chitash/gledash opoziskite vesnici/TV sve samo za Grujo kakov lopov, dictator, nacionalist, shovinist I shto ushte ne I na kraj ke ispadne deka ako edna laga se spomne stotina pati togash lugeto ke svatat deka e taka I da ne znae chovek koj pat da go fati. Pa neli sama ti kazuvash deka stranskiot factor treba da se slusha zatoa shto se silni I so pari da ti g kupat pametot vo ime na demokratija??? Zatoa Zajko gi pesetuva po dva/tri pati vo nedelata, da nauchi malku od demokratija??? Ova ti lichi kako na rani kuche da te lae. Za zalenje ste, zatoa shto ne razmisluvate so vasha glava (glavite vi se stranskiot factor I parite). Zalosno, ni ja unishtivte drzavata. Zashto SDSM I VMRO ne sednat I razgovaraat za nashata idnina a ne koj ke bide kralot ili piunot vo shahot I da ja ostavime MKD da ja v
   85 |   179
Италијански конзул дури од Струмица, 06.01.2017 08:28:02
Г-ѓа Крамарска пишува за изгубени битки на Груевски. Зошто не напише за добиени битки? Па Груевски го победи СДСМ 10 пати по ред. Ееееј, ДЕСЕТ ИЗБОРНИ ПОБЕДИ!!! Не сме имале таков политичар, таков партиски лидер. Груевски ја доби најтешката битка во Македонија - онаа против НЕВРАБОТЕНОСТА. Груевски доби многу, многу битки. Секој од илјадниците реализирани проекти на ВМРО е победа за Македонија. СДСМ и со Заев изгуби уште едни избори, иако имаше огромна помош од секакви непријатели на Македонија, На овие избори Заев се разголи и ја изгуби најголемата битка - ДОВЕРБАТА, Никој веќе не му верува. Ни Албанците, ни Македонците.
   92 |   190
od ostrijot, 06.01.2017 09:11:09
super kolumna gospogo dobra analiza no danese zaboravi oti vremeto na kriminalnite predsedateli na partiji i na vladi vo balkankiot prosek trae naj mnogu od 10 - 15 godini.taka bese vo srbija hrvatska bosna pa taka kebide i kaj nas.narodot prostuva ama i kaznuva.
   161 |   111
od dedo dimo, 06.01.2017 09:55:18
E pa vaka drugarke Sonja, eks.premierot si uvrtel vo glava deka vo pluralen ambient , bidejki e mnogu pameten, toj ke vladeel DO ZIVOTNO, ako go posluzi zdravjeto do 101 god. I odreden broj negovi bliski sorabotnici go poddrzuva i hrabrea vo toa. Arno ama site znaeme deka toa e nevozmozno vo PARLAMENTARNI sistemi -osven DOTICNIOT.I sega mu e mnogu tesko da ja prifati RELANOSTA i se mrcvari samiot sebe i celata drzava.Pozdrav.
   146 |   107
meksikanec, 06.01.2017 12:33:40
Извонредно ги лоциравте грешките на Грујо на глобален план.Но,за да стигне кај што е,уште пред десет години започна да ја гради својата империа на сметка на народот.Затоа безмилосно се обрачуна со сите предходни достигнувања од најблиската историја.Поруши се што е предходно створено од други луѓе,похрабри и поспособни од него.Погази безброј жртви и страдања,вградени во темелите на оваа држава,видоизменувајки ги за да стане славен и вечен.Слично како онај што изградил црква за да ги задоволи потребите на народот и станал славен,и онај што неможејки да го повтори тоа,ја запалил истата црква и станал славен.Да,ама на првиот народот му изградил споменик,а фториот го обесил за тој ист споменик.Всушност целта на секој бирократ е да го достигне нивото на власт кое ги надминува неговите способности.Неспособен да го согледа тоа и сам да се повлече,продолжува да владее насилно и криминално и се претвара во кочничар на напредокот и прогресот.Таквите обично завршуваат неславно и многу страмно.
   155 |   105

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Сончево
Пет33
Саб32
Нед33
Пон32
Вто31
Сре33
Чет33
Пет32
Саб32
Нед29
НајчитаниНајкоментирани
 
250 години од раѓањето на таткото на модерниот универзитет
Сугарески ги потврди грешките на автопатите, ЛП бара остри казни
Самит: ЕУ излегува од критичната состојба
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ