www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:28
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
17.02.2017, 15:56

Берово годинешен град на културата



Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на општината

Општина Берово е носител на титулата „Град на културата во 2017 година“. Според Министерството за култура, програмата предвидува учество на млади и реномирани уметници, гостувања од странство, продукции на погранични градови и установи со што ќе се обезбеди рамномерен културен развој, а ќе го поттикне и меѓународниот културен развој на оваа општина. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на општината, односно општинските и образовните установи, библиотеките и други субјекти.

Програмата е збогатена со сите постојни традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под белегот на оваа се позначајна манифестација во Македонија. Предвидени се музички концерти од сите жанрови, литературни читања и промоции, ликовни изложби програма со популарна и традиционална музика, театарски продукции со учество на реномирани и млади актери, како и национални и независни театарски групи. Прогласувањето на Берово за „Град на културата за 2017 година“ треба да придонесе за унапредување на културата во регионот, како и за негов развој и афирмација воопшто.

Статијата е прочитана 349 пати.


Испрати коментар
Симпозиум „Хамлет и Европа –да се биде или не!“
„Златна мечка“ за унгарскиот филм „За телото и душата“
„Кога денот немаше име“ прикажан на Берлинале
Друштвото на писателите на Македонија одбележа 70 години
Денови на иранска кинематографија со Шарам Мокри
„Мачорот во чизми“ во подготовка во Театарот за деца и младинци
Ѓорѓе Јовановиќ во „Захета“ во Варшава
„Фотограметријата во презентација на културното наследство“
Изложба во Велес на автори со дела и во „Скопје 2014“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ