www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:28
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
14.02.2017, 15:30
„Мачорот во чизми“ во подготовка во Театарот за деца и младинци



Адаптацијата на познатата приказна од Шарл Перо е на Горјан Милошевски, а режијата на Игор Ивковиќ

Во Театарот за деца и младинци од Скопје во тек се подготовките за претставата „Мачорот во чизми“, чија адаптација на познатата приказна од Шарл Перо ја направи Горјан Милошевски, а според заедничките идеи на режисерот Игор Ивковиќ, соопштија од овој театар. „Претставата треба да биде магионичарско-илузионистичко шоу, преку кое ќе ја пренесеме пораката дека доброто секогаш го победува злото и дека подадената рака на луѓето кои се во неволја е највредната човечка карактеристика. Создаваме вистинска херојска комедија за деца, па и возрасни, исполнета со многу смеа, музика, магија и илузија“, истакнува во соопштението режисерот Ивковиќ. „Испишав драматизација многу различна од старата бајка. Во оваа претстава ги нема лукавоста, расипаната снаодливост и важноста на материјалните добра кои се истакнати во традиционалната бајка“, додава авторот на текстот Милошевски.

Главната улога (Мачорот) ќе ја толкува Мартин Јордановски, а покрај него во претставата играат и: Ненад Митевски, Мики Анчевски, Марија Трајановска, Емра Куртишова, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ и Винета Дамчевска. Музиката е на Бојан Петков („Летечки пекинезери“), кореографијата е на Валентин Апостоловски, дизајнот на сценографијата и костимите се на Маре Трајковска, а како соработник- магионичар е ангажиран Гого Реквием.



Статијата е прочитана 795 пати.


Испрати коментар
Симпозиум „Хамлет и Европа –да се биде или не!“
„Златна мечка“ за унгарскиот филм „За телото и душата“
Берово годинешен град на културата
„Кога денот немаше име“ прикажан на Берлинале
Друштвото на писателите на Македонија одбележа 70 години
Денови на иранска кинематографија со Шарам Мокри
Ѓорѓе Јовановиќ во „Захета“ во Варшава
„Фотограметријата во презентација на културното наследство“
Изложба во Велес на автори со дела и во „Скопје 2014“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ