www.utrinski.com.mk
28 април 2017 21:55
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.04.2017, 16:55

ВМРО-ДПМНЕ отвори фронт со Рама

Досега владејачката партија го нападна албанскиот премиер дека пласира лаги, откако тој изјави оти е лага дека Тирана ги диктира потезите на партиите на Албанците во Македонија

Александра М. Митевска



ВМРО-ДПМНЕ вчера ја демантираше изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, дека целосно ја прифатиле платформата на партиите на Албанците. Владејачката партија го осудува, како што е наведено, континуираното мешање на албанскиот премиер во внатрешните работи на Македонија.

Претходно, медиумите пренесоа изјава на Рама дека платформата е документ на албанските партии од Македонија. Според Рама, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја прифатил првично платформата, но „подоцна го прекршил договорот“.

„Целосна невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатило тиранската платформа. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ ниту некогаш преговараше, ниту се согласи со тиранската платформа. Очигледно е дека Еди Рама со пласирање вакви лаги сака да ја релативизира опасноста од тиранската платформа и сака да отвори простор неговиот истомисленик Зоран Заев да ја реализира што поскоро“, се наведува во демантот од ВМРО-ДПМНЕ.

Албанскиот премиер, како што се додава во партиското соопштение, освен што се меша во внатрешните работи на Македонија, со своите последни изјави за сојузи на балкански држави предизвикува и подгрева поширока дестабилизација на Балканот и ги повампирува идеите за големи држави, што е директно спротивно на европската перспектива на земјите од овој дел од Европа.

„Еди Рама е човекот кој срамно и недолично во интервјуа ги навредува Македонците нарекувајќи ги славомакедонци. Еди Рама е човекот кој постојано ги подгрева страстите во земјава изјавувајќи дека имало 35 отто Албанци, а при тоа го негира мултиетничкиот карактер на државата. Тој е подготвен на се во пресрет на домашните избори што го очекуваат, не водејќи сметка веќе ниту што зборува, ниту каква штета прави за регионот и добрососедството со својата националистичка и ксенофобична реторика“.

Во интервју за албанската телевизија „Визион плус“, Рама ги отфрли наводите дека властите во Тирана им диктираат што да прават на албанските партии во Македонија, преку т.н. албанска платформа.

„Станува збор за шпекулација, за една лага и за една лоша политика. Сето ова, базирано на една лага води до една непотребна етничка поделба меѓу Македонците и Албанците. Точно е дека поради оваа ’албанска платформа’ се' уште нема мандат за составување влада. Вистина е, исто така, дека Груевски и неговата партија го прифатија овој документ без никакви услови. Но, откако не беше постигнат договор, поради причините кои Груевски многу добро ги знае, тој почна да ја напаѓа платформата. Не треба да се предизвикува конфликт, поради тоа“, изјавил Рама.

За платформата и улогата на албанскиот премиер за нејзиното донесување вчера се дискутираше повторно и на 14. продолжение на конститутивната седница на парламентот. Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ побара одговор од СДСМ што конкретно е договорено во врска со националните симболи и зошто заговарале дебата за нивна промена со учество на домашни и странски експерти. Според Крсто Муковски, изјавата на Рама е потврда дека платформата постои. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за претседател на парламентот треба да биде избрана личност која ќе се дистанцира јасно од платформата.



Статијата е прочитана 2121 пати.


Испрати коментар
Амбасадорска четворка на средба во СДСМ
Иванов не се чувствува одговорен за кризата
ДУИ сака да се амнестира од својата улога во кризата
Ајван Доктор® До: do Ajvan, 20.04.2017 01:21:57
Најпрвин била елинската култура,па потоа доаѓаат Словените,оттаму и топонимот Вергина (менлива категорија)!Колку и да е точна теоријата дека Словените не се доселеници на Балканов,Демостен кого толку многу милувате да го цитирате секого кој не бил Атињанин и им бил непријател го нарекувал ΒΑΡΒΑΡΟΣ (пак грчки)!Ако добро те разбрав ти си Англичанец,само пишуваш на лош македонски јазик со латинично писмо,така?Значи според тебе ΑΛΕΞΑΝΔΡΟΣ и ΦΙΛΙΠΠΟΣ биле чисти антички Македонци и знаеш дека говореле на јазикот Словенски на кој говорат денешниве Македонци од Р Македонија!?Аце го освоил светот,ама ширел грчка култура,пишувал со грчки алфабет и тоа на типичен грчки јазик (дијалект)!?Ова е невиден преседан во историјата,победник да ја шири културата на поразениот,поробениот!Веројатно била на некое повисоко ниво!Јас не знаев дека „василевс“и „катадесмос“се македонски изрази!Сакаш да ми кажеш дека отсекогаш сме биле лудаци!?Детенце,оди легни си и продолжи да си сонуваш антички големини!
   47 |   11
Ајван Доктор®, 20.04.2017 01:42:31
„So ist es. Der VMRO-DPMNE ist es nicht wie vorgeschrieben innerhalb von 20 Tagen gelungen, eine Koalition mit den Parteien der mazedonischen Albaner zu bilden. Um genauer zu sein: Die Koalition war eigentlich vereinbart. Doch dann kam in letzter Stunde ein Anruf - und die Koalition platzte.“ ‒ вели Иванов во интервјуто за Виенер Цајтунг со што го демантира ВРО-ΔΡΠΑΜΕ и потврдува дека Груевски и вемероФциве прифатиле сè од платформата како што вели Рама,но наводно доволен бил еден телефонски повик да ја растури веселбата!Чудно,но називот Славомакедонци очигледно ги навредува исклучиво Ацевите дијадоси и епигони!Патем истиот назив е единственото исправно,ефикасно и единственото безболно решение во спорот со Грција кое не би го сменило нашиот идентитет и со сигурност многу помалку би му нанело штета на идентитетот од грчкиве столбови на стиропорно-барокното Скопје!
   41 |   11
bitola-1, 20.04.2017 06:43:52
Ovaj front na dpmne so rama,plus bezidejniot i lesno odstapniot sds{sekogash so svitkana kicma i otstapki},e vrati vo igra kriminalnata garnitura na dpmne vo dobitna igra.A koga ke ja vidime i slicnosta na krim vladeenjeto na rama vo AL, se postavuva prashanjeto shto igra igraat grujo i rama i nivnite razbojnici{dogovorena ili spontano dobitna za niv}?
   11 |   28
Ефтим, 20.04.2017 09:48:11
Топонимот Вергина е конструиран во 1922 како име за новата населба во која биле доселени бегалците од Мала Азија. “Антички“ е колку и сите други грчки болни приказни за Македонија.
   11 |   18
Kumanovac, 20.04.2017 09:56:55
Da ne trebase naslovot da glasi Rama ja napadna Makedonija,Srbija.. so drsko mesanje vo vnatresni raboti na ovie drzavi.
   17 |   17
за отворениот фронт, 20.04.2017 14:10:57
Ќе отворат ли и другите македонски пратии фронт или ним не им доликува?
   9 |   4

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
23°СкопјеВреме
Облачно
Пет28
Саб22
Нед16
Пон21
Вто23
Сре23
Чет24
Пет22
Саб23
Нед23
НајчитаниНајкоментирани

Зекири: Дел од толпата имаше радиостаници и оружје
Мост излегува од хрватската влада
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ