www.utrinski.com.mk
26 април 2017 02:22
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 16:36

Централното греење многу ќе го намали загадувањето во Скопје



Околу 45.000 потрошувачи во Скопје кои активно го користат системот за централно греење на БЕГ се греат на еколошки чист начин и со тоа значително придонесуваат за заштитата на животната средина, соопштија од „Балкан енерџи груп“.

Експертите се децидни дека целосното искористување на овој систем за греење, покрај намалување на цената на услугата за корисниците, ќе овозможи и значително намалување на проблемот со загадувањето во Скопје, кој е најизразен токму за време на грејната сезона. На ваков заклучок упатуваат и последните научни истражувања, како што е студијата изработена од Машинскиот факултет во Скопје, со која се потврдуваат анализите, според кои, користењето на нееколошки средства за затоплување на домовите, пред сe, дрвата, јагленот, нафтата и останати несоодветни горива за урбани средини, се еден од главните причинители за проблемот со енормна загаденост на воздухот во Скопје во зимските месеци.

По повод годинешното одбележување на 22. Април - Светскиот ден на платенета земја, експертите препорачуваат дека земјата треба да го следи трендот на масовен развој на овие системи во градовите на Eвропската Унија со цел да се достигнат целите за намалување на штетните емисии во воздухот и истовремено да се обезбеди оптимален енергетски развој.

Во Скопје веќе постои широко-распространет и еколошки оптимален систем за централно греење. Како резултат на обемните инвестиции направени во последните 5 години, сите топлани кои ги управува „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), како погонско гориво користат исклучиво природен гас кој е еколошки најчистото фосилно гориво. Покрај тоа, сите топлани се опремени и со автоматски систем за прибирање технолошки параметри од производниот процес, како и со уреди кои овозможуваат автоматска блокада на работата на котлите при евентуално зголемено ниво на чад. Топланите во рамки на групацијата БЕГ работат согласно позитивните законски прописи во сегментот на животната средина и ги поседуваат еколошки дозволи што ги издаваат надлежните институции. Емисиите во воздухот од овие топлани се далеку под законски дозволените гранични вредности утврдени во домашната законска регулатива и ги задоволуваат стандардите.

На таков начин, со употреба на најсовремени технологии во топланите и со постојаната контрола и надзор на технолошките процеси, се гарантира еколошки чисто производство на топлина за централното греење на Градот Скопје.

Статијата е прочитана 402 пати.


Испрати коментар
Кире Лазаров и Пере - „Нокаут“ на ручек во Барселона
Фолк-фест „Филиграни“ се сели во лето
Елтон Џон во болница поради инфекција
(ФОТО) Концерт - Кога Наум пее, нема одење рано
Џек Николсон го прослави 80. роденден
Ерин Моран почина на 57 години
Македонија влезе во Гинис со шопска салата
„Не за селфи на воз - вреди да живееш“
Околу 800 ученици „Возеа кон иднината“
(ФОТО) Концерт на Влатко Стефановски и Биг бендот на оркестарот на словенечката армија - Музичко обединување на два темпераменти
Серена Вилијамс по породувањето ќе се врати на теренот
Австрискиот канцелар разнесуваше пици
(ВИДЕО) Грчки „летачки поп“ стана хит на интернет

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Ведро
Сре24
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон20
Вто21
Сре21
Чет20
Пет19
НајчитаниНајкоментирани

Успешна соработка со партнерите од Западен Балкан
Стандард: Иванов ја води Македонија во хаос
Атомска подморница на САД во јужнокорејско пристаниште
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ