www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:31
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
17.02.2017, 15:30
Ибрахимовиќ и Џеко ѕвезди на вечерта во Лига Европа



Двајцата напаѓачи постигнаа хет-трик во првите шеснаесетфинални средби, Швеѓанецот против Сент Етјен (3:0), репрезентативецот на БиХ кај Вилјареал (0:4)

Златан Ибрахимовиќ и Един Џеко беа ѕвезди на вечерта во првите шеснаесетфинални средби во Лига Европа. Двајцата постигнаа по три гола за Манчестер јунајтед, односно, Рома кои имаат резултати за фазата топ 16. Шведскиот интернационалец ги реализира против Сент Етјен во триумфот на „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ со 3:0, репрезентативец на БиХ, пак, ги даде против Вилјареал во победата на „волчицата“ во Шпанија со 4:0.

„Секој трофеј е неверојатен за мене. Секаде досега сум освојувал по некој и ќе бидам пресреќен ако освојам нешто и со Јунајтед. Секогаш го давам максимумот. Тоа го знаат тие што ме познаваат. Победувам каде и да одам. Јас сум како Индијана Џонс“, рече Ибрахимовиќ по мечот со француската екипа во кој стигна до бројка од 23 погодоци за клубот од „црвениот“ дел на Манчестер.

Ибрахимовиќ на Островот пристигна од ПСЖ, а дека Сент Етјен е екипа што особено му лежи покажа во четвртокот. Против неа има 17 гола во кариерата на што искоментира:

„Постигнав неколку голови против нив, но јас никогаш не се фокусирам на поедини тимови. Само се трудам да ја завршам својата работа, да го работам тоа во што сум добар“.

На Џеко му требаше цела сезона да се навикне во Италија и на фудбалските услови на Апенините. Ланската помина како еден вид жртва за оваа да биде една од најдобрите во неговата кариера. Напаѓачот од Сараево има 28 гола во 34 натпревари, а дека е во одлична форма потврди и на незгодно гостување на римјаните во Шпанија.

„За мене не е изненадување што секогаш давам голови. Минатата сезона беше поинаку, оваа сакам да докажам дека можам уште“, истакна Џеко по изданието на „Ел мадригал“.

Екс фудбалерот на Волфсбург на Манчестер сити е на делба на првото место на листата на стрелци во Серија А со Гонзало Игуаин со 20 гола. Мрежата на Вилјареал ја тресеше трипати во период од 20 минути.

„Бевме извонредни. Не дозволивме ништо во одбрана, а постигнавме четири гола против добра екипа каква е Вилјареал. Секој меч е приказна за себе. Понекогаш се мачиме на гостувањата во Серија А, со условно, помалите екипи, но сега покажавме колку сме добри“, додаде Џеко.

Шеснаесетфинале, први мечеви

Вилјареал - Рома 0:4
ПАОК - Шалке 0:3
Манчестер Ј. - Сент Етјен 3:0
Легија - Ајакс 0:0
Хапоел Бер Шева - Бешикташ 1:3
Атлетик Б. - АПОЕЛ 3:2
Андерлехт - Зенит 2:0
Олимпијакос - Османлиспор 0:0
Борусија М. - Фиорентина 0:1
Лудогорец - Копенхаген 1:2
Гент - Тотенхем 1:0
Ростов - Спарта Прага 4:0
Селта - Шахтјор Д. 0:1
Астра - Генк 2:2
АЗ Алкмар - Олимпик Л. 1:4
Краснодар - Фенербахче 1:0
Статијата е прочитана 1304 пати.


Испрати коментар
Победи за Вардар и Шкендија
Второ злато за Хиршер на Светското првенство во Сент Мориц
Фени Индустри против Карпош Соколи во финалето на Купот
Голема победа за ракометарите на Вардар против ПИК Сегед
Илчо Ѓорѓиоски едногласно реизбран за претседател на ФФМ
МЗТ Скопје Аеродром последен полуфиналист во Купот
Лазаров и Ристовски дел од триумфот на Барселона над Шафхаузен
Карпош Соколи прв полуфиналист во кошаркарскиот куп
Лекиќ уште две сезони во ЖРК Вардар
Ѓорѓиоски избран за член на Организацискиот комитет на ФИФА
Кот победник на денешните скокови во Кореја
Одлуката од Лозана за Адеми дури на 17 март
Убедливи победи на Баерн и Реал во првите осминафинални дуели од ЛШ
Крафт победник на ски-сковите во Пјонгчанг
Триумф на Кливленд на гостувањето кај Минесота
ПСЖ убедлив во првото осминафинале против Барселона во ЛШ
Дамјановски четврти на „Мавровскиот меморијал“ и со „А“ норма за ЗОИ во Пјеонгчанг
Симјановска сепак ќе се натпреварува во велеслаломот во Сент Мориц
„Винсенте Калдерон“ домаќин на финалето на шпанскиот куп
Ерни сензационален победник во комбинација на СП во Швајцарија
Ентони го предводеше Њујорк до важна победа над Сан Антонио
Червар - Македонија живее за ракометот

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ