www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:34
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
13.02.2017, 17:04

Изложба во Велес на автори со дела и во „Скопје 2014“ 



Под наслов „Македонија“ и „Компаративна игра“ со скулптури се претставуваат Валентина К. Стевановска и Миле Брцески

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложбата со наслов „Македонија“ и „Компаративна игра“ на скулптури од Валентина К . Стевановска и Миле Брцески. Валентина К. Стевановска преку четири реплики на штитови на македонската фаланга презентира дел од историјата и традицијата.

„Следејќи го својот порив, трансформирајќи ја сложената приказна на македонското битисување, визуелно, Стевановска уметноста ја претставува на постмодернистички начин. Миле Брцески, пак, низ процесот на метаморфоза и трансформација на духовните и традиционалните вредности, ја прикажува играта на човекот-дете, преку полното и празното, преку блискоста и далечината“, рече Елица Николова, директорката на Народниот музеј од Велес.

Скулпторката Стеваноска и е позната на пошироката јавност како автор на некои од спомениците од проектот „Скопје 2014“ меѓу кои е и скулптурата на грандиозниот коњаник на плоштадот „Македонија“. Брцески се претставува со пет композиции, реално – фигуративни човечки форми, изработени од метал, негов своевиден бунт против модерното живеење и технологијата. И тој има свои дела во проектот „Скопје 2014“, еден од нив е споменикот на Тодор Александров во населбата Кисела Вода. Изложбата ја отвори директорот на Управата за културно наследство, Виктор Лилчиќ.

„Необично се радувам кога се случуваат вакви настани. Со овие промоции покажуваме како земја колку високо сме ја вивнале современата македонска цивилизација. Изложбата ќе биде отворена во следните 10-ина дена. (П.П.)

Статијата е прочитана 3238 пати.


Испрати коментар
Симпозиум „Хамлет и Европа –да се биде или не!“
„Златна мечка“ за унгарскиот филм „За телото и душата“
Берово годинешен град на културата
„Кога денот немаше име“ прикажан на Берлинале
Друштвото на писателите на Македонија одбележа 70 години
Денови на иранска кинематографија со Шарам Мокри
„Мачорот во чизми“ во подготовка во Театарот за деца и младинци
Ѓорѓе Јовановиќ во „Захета“ во Варшава
„Фотограметријата во презентација на културното наследство“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ