www.utrinski.com.mk
16 септември 2014 21:27
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
02.12.2013, 13:43

Мартич ќе го оживува МЗТ Скопје



Со Словенецот се' е договорено, останува уште да се завршат административните формалности околу договорот

Марија Ковачева

Сосем очекувано, откако МЗТ Скопје го загуби добиениот натпревар со Цибона во АБА-лигата и покрај предноста од 26 поени, раководството на клубот реши да ја прифати оставката на тренерот Влада Вукоичиќ. Српскиот стратег на кормилото на македонскиот шампион имаше краток век - во новата сезона го предводеше тимот два месеца, односно вкупно 17 натпревари. Резултатот на „металците“ под негова палка е пет победи и 12 порази, и тоа 4-6 во АБА-лигата и 1-6 во Еврокупот.

Заминувањето на Вукоичиќ нема да остави празнина на тренерското место, бидејќи неговата замена веднаш е најдена. Обврската да го врати победничкиот менталитет во МЗТ Скопје ќе му припадне на Словенецот Зоран Мартич.

„Точно е дека Мартич ќе биде новиот тренер. Со него веќе сме договорени, останува да се завршат административните формалности“, пред пристигнување на Словенецот во Скопје ни изјави директорот на клубот, Видоја Секуловски.

„Се договоривме до крајот на сезоната“, потврди Мартич за веб-страницата на АБА-лига.

За македонската јавност Мартич не е познато име, иако на Европското јуниорско првенство 2000 во Охрид со селекцијата на Словенија го освои златниот медал. Тој ги има предводено словенечките екипи Слован, Златорог Лашко и Хелиос, потоа унгарски Солнок, црногорска Будуќност, кипарски Апоел и украински Химик.

Во таборот на МЗТ Скопје вториот Словенец по Алеш Пипан доаѓа во време кога самодовербата, но и атмосферата се целосно разнишани. Дебито на клупата на „сино-белите“, најверојатно, ќе го има веќе утре на натпреварот против Банвит во Еврокупот, а ако тоа не се случи македонскиот првак сигурно ќе го предводи викендов против Широки во 11. коло од АБА-лигата.

Откако на фејсбук-профилот на МЗТ стоеше дека Вукоичиќ повеќе не е тренер, од клубот известија дека во најскоро време ќе има нови промени во ростерот. Засега ставот на раководството е да не се избрзува, односно одлуката за евентуална чистка во тимот ќе му ја препуштат на новиот тренер Мартич.

„Нема да брзаме со такви одлуки. Дали ќе има играчки промени, за тоа ќе одлучи тренерот. Сепак, тоа е негова обврска“, вели Секуловски.

Веднаш по поразот од Цибона еден од најискусните, Ѓорѓи Чековски, истакна дека во составот мора да има промени, посебно на плејмејкерската позиција. Според македонскиот репрезентативец, организаторите на играта не само што не придонесуваат во поентерскиот дел, туку воопшто не ги дистрибуираат топките до останатите кошаркари.

Дали таборот на МЗТ Скопје ќе го напуштат играчи на плејмејкерската или на некоја друга позиција ќе биде познато до крајот на неделата. Сигурно нема да има промени до утрешниот дуел од Еврокупот против Банвит во Скопје.





Статијата е прочитана 897 пати.


Испрати коментар
Вести
Металург одвај до реми со Вакер Тун
Карате - Четири медали во Салцбург
Барселона шокирана во Билбао
Сениорките против Литванија во квалификациите за ЕП 2015
Незадржливата Индијана!
Дубл-триумф на Јотовски во Шарм ел Шеик
МЗТ Скопје изгуби добиен натпревар со Цибона
Сиљан Штркот, 02.12.2013 14:47:01
Чековски само нека продужи да биде главен тројкаш, нека влегува во рекет еднаш годишно и далеку ќе догураат.

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
19°СкопјеВреме
Претежно облачно
Вто22
Сре23
Чет24
Пет26
Саб28
НајчитаниНајкоментирани

САД се вклучуваат во сузбивањето на еболата
Фотокина: Брза промена во светот на фотографијата
Идејата и промоторите на „Илирида“ прегазени од времето
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ